ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Можност за неточно читање на глукоза во крвта
Пациентите кои примаат EXTRANEAL (icodextrin) раствор за перитонеална дијализа може да покажат неточни резултати на глукоза во крвта доколку користат одредени глукозни монитори и тест лентички.
Користете ИСКЛУЧИВО монитори или тест лентички кои се специфични за глукоза. Овие методи се вообичаени во клиничките лаборатории.
Терминот „специфични за глукоза“ се однесува на монитори или тест лентички врз кои не влијаат малтозата или некои други видови шеќери. Бидејќи EXTRANEAL (icodextrin) растворот за перитонеална дијализа доведува до покачување на малтозата во крвта, треба да се користат исклучиво монитори и тест лентички кои се специфични за глукоза.
НЕ КОРИСТЕТЕ монитори или тест лентички за мерење на глукоза во крвта кои користат методи со ензимите глукоза дихидрогеназа пиролокинолинкинон (GDH PQQ) или глукоза-ди-оксидоредуктаза. Понатаму, не треба да се користат некои, но не и сите, монитори или тест лентички кои го користат методот со глукоза дехидрогеназа флавин-аденин динуклеотид (GDH-FAD). Употребата на овие методи може да доведе до читање на лажно зголемени нивоа на шеќер во крвта кај пациентите кои користат EXTRANEAL (icodextrin) поради интерференција со малтозата. Читањето на лажно покачена глукоза во крвта може да замаскира постоечка хипогликемија или да доведе до погрешна дијагноза на хипергликемија, што може да доведе до настани опасни по живот.
За да се одреди кој тип на метод се користи за следење на нивото на шеќер во крвта, погледајте го пакувањето и за ДВАТА метода: глукозниот монитор и тест лентичките. Ако не сте сигурни, контактирајте го производителот на глукозните мониторите и тест лентичките за да утврдите кој метод се користи.
Важни информации за EXTRANEAL (icodextrin), глукозните монитори и тест лентичките, може да најдете преку линковите наведени подолу. Деталите за производителите на глукозни монитори и нивната компатибилност со EXTRANEAL (icodextrin) може да најдете под Листа на глукозни монитори по држави (под „Дополнителни линкови”).
Производ и Пакување | Важни Безбедносни Информации | Други Линкови | ||
---|---|---|---|---|
Префрлете го “Adobe Reader” на вашиот компјутер